Советот на Град Скопје ќе избира членови на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија
Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи седмата седница на која ќе избира членови на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, установите од културата и средните училишта.
На дневен ред се над триесет точки, меѓу кои предлог-одлуките за прием на донација од АД МЕПСО Скопје, за одобрување набавка на специјални противпожарни возила-автоцистерни, за одобрување набавка на основни средства за потребите на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и за прием и отстапување на нафтени деривати на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Советниците ќе ја разгледаат информацијата за реализација на субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 и 2017 година, какко и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во Скопје за 2018 година.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд