-->
-->
Советот на ЕУ разгледува можност за укинување на санкциите спрема Русија
-->

Советот на Европа разгледува можност за донесување одлука за укинување на санкциите спрема Русија, бидејќи се плаши од повлекување на Москва од таа меѓународна организација, објави Фајненшал тајмс.
- Ќе биде многу лошо ако Русија ја напушти таа организација, бидејќи конвенцијата и судот се многу важни за граѓаните на Русија, изјави генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд.
Според него, повлекувањето на Русија од СЕ би имало негативно влијание врз Европа. - Тогаш ќе добиеме Европа без Русија и тоа ќе биде голем чекор назад, нагласува Јагланд.
Тој отфрла наводи дека руски официјални лица имале состанок со него и му се заканиле дека Москва ќе се повлече од организацијата.
Јагланд додава дека одбивањето на Москва да плати придонеси за буџетот во СЕ може да предизвика Русија да ја напушти организацијата доброволно или на иницијатива на други држави.
Генералниот секретар на СЕ нагласи дека таа организација нема да ги доведува во прашање своите принципиелни ставови и да признае „акенсија“ на Крим.
Советот на ЕУ на 28 јуни повторно, за шест месеци, ги продолжи рестриктивните економски мерки против Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Документи од државен пазарен инспекторат докази во судењето за „Пулс“
-

И странските државјани ќе бидат санкционирани за прекршоците во сообраќајот
-

Лукровски повторно на работа, ги демантира шпекулациите за оставка
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
