Советот на Дебар бара итен прекин на наставата во училиштата поради коронавирусот

Советот на Дебар на вонредната седница, одржана доцна синоќа, на која беше разгледана состојбата со ширењето на коронавирусот на подрачјето на оваа општина, донесе заклучоци со кои од неколку министертва се бара преземање итни мерки.
Од Министерството за образование и наука се бара под итно да се донесе одлука за прекин на наставата на неодредено време.
Министерството за здравство итно да го зголеми бројот на здравствени работници во дебарската работна едница на Центарот за јавно здравје (епидемиолог, технички здравствен персонал). Санитарниот инспекторат да ги зголеми контролите врз хотелските капацитети за нивото на дезинфекција.
Министерството за внатрешни работи да ги зголеми мерките и контролите со професионална опрема на граничните премини во регионот на Дебар.
Од Владата се бара да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација.
На седницата присуствуваа и градоначалникот Хекуран Дука, раководителот на работната единица на Заводот за јавно здравје Ментор Меља, началникот на Одделението за внатрешни работи Арбен Думани, како претставници на други институции.
Претходно, како што објави градоначалникот Дука на Фејсбук, поради загриженоста по појавата на коронаврусот, остварил средба со претставници на надлежните институции на која била разгледната состојбата и презентирани мерките кои се спровдуваат.
Градоначалнкот упати апел до жителите на општината да бидат внимателни и строго да ги почитуваат препораките од Министертвото за здравство и Институтот за јавно здравје.
По потврденото присуство на корона вирусот кај сопружниците од селото Баланци, општина Центар Жупа, трите новопотврдени случачи се во Дебар.
Ново на Сител
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
