Советот на амбасадори организира тркалезна маса за евроинтеграцискиот процес на Македонија
Амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори, денеска ќе се одржи во Клубот на пратеници.
Предвиден е засебен панел „Ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата: Европски добри практики и домашна реформска агенда“.
На тркалезната маса, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија, заменик-шефот на мисија од Амбасадата на САД, како и поранешните амбасадори Александра Наќева-Ружин, Зоран Јолевски, Ивица Боцевски и Тихомир Илиевски и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.
– Целта на настанот е размена на мислења во врска со евроинтегративниот процес на земјата и регионот на Западен Балкан, како и по однос на најдобрите европски практики и домашната реформска агенда на полето на борбата против корупцијата, со што Советот на амбасадори дава свој придонес кон овозможување на поширока општествено-политичка дебата по однос на овие значајни прашања, информира организаторот.
Амбасадорската тркалезна маса е годишен, препознатлив настан на Советот на амбасадори, организиран под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток