Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Шилегов капитулираше пред комарците
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги остави на немилост скопјани на комарците среде лето, реагираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.
Во утринското соопштение до медиумите, велат, Скопје има градоначалник чија опасна неспособност го загрозува здравјето на скопјани. Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Обично прскање против комарци се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов. Не е за чудо интервентното прскање против комарци да се претвори во вносен бизнис на структури на власта како и се друго.
Тоа што прво се создава проблем, а дури потоа се решава откако ќе се загрози здравјето на скопјани покажува дека Скопје има неспособен градоначалник.
Комарците среде се изненадување за Шилегов што само покажува дека не ја сработил домашната задача. Тоа покажува и дека Скопје има градоначалник популист и површен политичар кој го довлекува вниманието од вистинските теми важни за скопјани, стои во реакцијата на советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во градот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено