Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.531.120 лица. Од нив починале 246.825, а оздравеле 1.131.423 луѓе.
– Во американската сојузна држава Њујорк потврдени се нови 280 смртни случаи од Ковид-19, изјави гувернерот Ендрју Комо. Сите болници ќе мораат да имаат резерви на заштитна опрема за 90 дена.
– Италија соопшти за нови 174 смртни случаи од коронавирус, а новозаразени се 1.389 лица.
– Повеќе од 66.000 луѓе во САД починаа од последици на новиот коронавирус, а заразени се 1.134.058 лица, соопшти Универзитетот „Џон Хопкинс“.
– Црна Гора очекува наскоро целосно да го искорени коронавирусот, откако денеска нема ниту едно потврдено новозаразено лице, а во последните седум дена е регистриран само еден случај на зараза.
– Во Финска во последните 24 часа починале десет лица од Ковид-19, а заразени уште 78.
– Во последното деноноќие во Шведска се зарзени 235 лица, а од коронавирусот починале уште десет луѓе. Со тоа вкупната бројка во земјата изнесува 22.317 заболени и 2.679 смртни случаи.
– Во Бангладеш во последните 24 часа забележани се 665 новозаразени случаи со коронавирус, што е најголем дневен пораст на бројот на заболени во таа земја од почетокот на пандемијата.
– Тајланд почна со ублажување на мерките за ограничување и на граѓаните од денеска им се дозволени прошетки во парковите, ресторани и продавници. Укината е и забраната за купување алкохол.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
