Состанок за безбедност и здравје на работниците
„Безбедност и здравје на работниците на работното место: национални услови и европски перспективи“, е темата на шестата сесија на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), што ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во Скопје.
– Ќе се дискутира за исклучително значајна тема, која ги поврзува условите за работа со квалитетот на живеење на вработените. Во последната декада Европската Унија покажува значителен интерес за овие прашања, донесувајќи над 30 директиви. Во моментот се работи на изнаоѓање оперативни планови за имплементација на мерките во државите – членки на Унијата, наведува во најавата на настанот координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење проф. д-р Милева Ѓуровска
Македонската легислатива во однос на прашањата поврзани со безбедност и здравје при работа е во процес на усогласување со европските директиви и стандарди.
-Се очекува на дебатата, на која ќе учествуваат експерти од НКЕУ-МК (наведени во агендата), да се одговори на прашањата за ефикасна имплементација на Законот за заштита при работа од 2007 година, бидејќи реалноста сигнализира дека во нашата држава, и покрај законските одредби, бројот на несреќи при работа постојано се зголемува, стои во најавата.
Ново на Сител
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
-

Одбележување на Националниот ден на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања
-

Без вода и струја неколку улици во Скопје
-

Променливо облачно со дожд
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден

