Сослушани сведоци на одбраната во случајот за протестите за ,,Монструм”
Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случувањата од 26 февруари за време на протестите за случајот „Монструм”, против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики.
На прашање на адвокатот Асмир Алисшахиќ, каде биле дента на 26 февруари, првиот сведок рече дека на 26 февруари со Фабион Идризи, биле на петточна молитва и потоа се упатиле кон ЗУ „Мајчин дом“, од причина што Фабио имал скршеница на раката.
– Со моја кола отидовме во „Мајчин дом“, јас управував. За цело време бев со Фабио, внатре влегов и јас. Таму останавме скоро саат и пол. Целта беше заради терапија на раката. Потоа Фабио го однесов дома, од прилика беше 15 часот, изјави сведокот на одбраната.
Свое сведочење денеска имаше и физиотерапевтот од ЗУ „Мајчин дом“, кој потврди дека на 26 февруари Фабио Идризи, бил кај него и останал до кај 14:50 часот.
На следните рочишта, треба да се продолжи со сослушување на сведоци предложени од обвинетите.
Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.
На претходните рочишта, три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестите за случајот ,,Монструм” на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.
Следните рочишта за овој предмет се закажани за 21 и 28 април.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња