Сорос: Додека Русија се воздигнува, ЕУ се распаѓа

Американскиот милијардер Џорџ Сорос на вчерашниот собир на „Отворена Русија“, изјави дека Русија се воздигнува додека Европската унија се урива.
Собирот во Лондон беше во организација на движењето „Отворена Русија“, чиј основач е Михаил Ходорковски, познат критичар на Кремљ.
- Тоа се случува на истиот начин како кога ЕУ почна да цвета во време кога Советскот Сојуз почна да се распаѓа, истакна Сорос.
Според неговите зборови, евентуалниот колапс на ЕУ би му помогнал на Владимир Путин да ја задржи власта во Русија, оти со распадот на Унијата би исчезнале барем дел од санкциите против Федерацијата.
- Нешто повеќе, Путин ќе може да добие значителни економски интереси со поделбата на Европа и да ги искористи врските со антиевропските партии, истакна Сорос.
Ново на Сител
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
