Соработка на македонските и српските земјоделски инспекторати

Поинтензивна комуникација за побезбедна храна и отстранување на можните девијантни појави во делот што е обврска на Државниот инспекторат за земјоделство на Република Македонија и Управата за заштита на растенијата при Министерство за земјоделство и заштита на животна средина на Република Србија.
Ова беа темите на средбата во Белград на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Македонија Цветан Трипуновски со неговиот српски колега Небојша Милосављевиќ, соопшти денеска македонскиот инспекторат.
Средбата е дел од активностите за меѓусебно уредување на обврските по потпишувањето на Спогодбата меѓу владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничната контрола во железничкиот сообраќај на граничниот премин Прешево – Табановце. Ова, како што потенцира Трипуновски, е значајно за делот кој се однесува на граничниот фитосанитарен надзор на инспекциските служби.
На средбата е договорена и размена на искуства меѓу Државниот инспекторат за земјоделство и српската Управа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
