-->
-->
Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
-->
Сопружници од Скопје, кои се во бракоразводна постапка, меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад по инцидент во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.
Како што информира МВР, синоќа во 19:40 часот полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 50-годишен маж од Скопје.
Полицијата постапувала по претходна пријава дека околу 15:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, 50-годишникот физички ја нападнал својата 38-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка.
Од друга страна, и 50-годишниот скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од сопругата, која, според неговата пријава, фрлала разни предмети кон него.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Филипче: Собранието да го донесе законот за 600 евра минималец
