СООПШТЕНИЕ: Продолжува „хајката“ на ФФМ против ФК Силекс
ФК Силекс – Кратово како еден од најстарите прволигаши во македонскиот фудбал со ова соопштение најжестоко реагира на неправдите направени од страна на главниот судија Зоранчо Темелков од Кавадарци и неговите соработници на вчерашниот првенствен натпревар со Работнички на Арената Филип Втори.
Како што покажуваат нашите снимки а тоа можеше да го види и целокупната фудбалска јавност Темелков на најперфиден начин го оштети нашиот тим во најмалку две ситуации.
Првата ситуација му претходи на досудениот пенал за Работнички во 70-тата минута кога Темелков не санкционира класичен прекршок од Петар Петковски врз нашиот голман Ефремов по што во истата акција досуди најстрога казна за домашниот тим.
Втората е во 72. Минута кога не досуди класичен пенал за Силекс по играта со рака на домашниот фудбалер Димитровски и тоа на само неколку метри од местото каде се наоѓа главниот судија.
За само две минути две груби грешки на Темелков со кои директно влијаеше на конечниот епилог на средба што ФК Силекс го чини губење на два важни бода во битката за опстанок.
Ова се факти со кои се потврдуваат сомневањата на фудбалската јавност и на ФК Силекс дека се работи за класични „нарачки“ со цел да се оневозможи нашиот клуб да ги постигнува резултатите на зеленото поле кое ги заслужува.
Повеќе од очигледно е дека под капата на ФФМ има привилегирани клубови кои судиската организација на чело со Емил Божиновски ги протежира на сметка на други клубови за што говори стартот на пролетната сезона каде во само две кола се случија неколку катастрофални судиски грешки од кои ФК Силекс е оштетен за четири важни бода.
Потсетуваме на фарсата на натпреварот во Кратово од првото пролетно коло кога ФК Шкупи постигна гол по класично играње со рака и сега грубите грешки на Темелков и неговите соработници на вчерашниот дуел со Работнички.
Снимките кои ги приложуваме со ова соопштение само потврдуваат дека се води хајка против ФК Силекс кој се обидува чесно со игрите на зелениот терен да го обезбеди опстанокот во Првата МФЛ каде е клуб со најдолг стаж заедно со ФК Вардар.
Жално е и тажно што во ФФМ очигледно веќе нема судии со авторитет туку само послушници кои се подготвени за „мали“ привилегии да ги спроведат директивите на одредени „моќници“ грубо кршејќи ги фудбалските правила и закони.
Господа од ФФМ, време е да го запрете овој циркус во мак-фудбалот бидејќи бројот на заљубеници во оваа игра драстично се намалува на сметка на спонзорите кои се на прагот на заминување од нашите најголеми клубови. Нема судии, нема контролори, нема делегати со интегритет а без тоа не може да има фудбал туку само незадоволни спонзори и слаби клубови.
ФК Силекс очекува ваша реакција на слабата арбитража на Марјан Марковски и Зоранчо Темелков и изрекувањето соодветни казни за катастрофалните грешки кои директно влијаеја на резултатите на средбите со ФК Шкупи и ФК Работнички.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница