Македонија
29. July 2017 - 9:25

Сообраќајот зголемен надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.