Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е умерен.
На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот, за возила со вкупна маса над пет тона сообраќајот се пренасочува преку мост на река Вардар односно се одвива преку Демир Капија – Корешница – Војшанци.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
