Сообраќајот отежнат, одрони и забрани за камиони на дел од патиштата
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато е укината изутрина во 08:45 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Поради отстранување одрони во близина на село Истибање во прекин е сообраќајот на патот Кочани-Македонска Каменица.
Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража, како и на патните правци Маврово-Дебар и село Шипковица- Попова Шапка.
Поради појава на магла видливоста на патот село Шипковица-Попова Шапка е намалена од 30 до 40 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека, Железнец, Kрива Паланка, Страцин, Кула, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Павлешници, Дебар и Прилеп.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим утре во општина Илинден поради велосипедска трка
-
Прва седница на грчката Влада по реконструкцијата, Мицотакис ги претстави главните приоритети
-
Запленетото оружје во Северна Митровица се поврзува со минатогодишниот напад во Бањска
-
Приведен гостиварец осомничен за „тешка кражба“ од куќа во изградба
-
Ли допатува во Австралија
-
Едно лице загина откако возило од конвојот на претседателката на Мексико имаше сообраќајна несреќа
-
Претрес на дом во Велес: Малолетник осомничен за кражби
-
Богданчанец осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка