-->
-->
Сообраќајот на патот од Кавадарци кон Росоман во прекин - еве што се случува
-->
Поради градежни работи в недела ќе има прекин во сообраќајот на патот од Кавадарци кон Росоман и обратно, информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец“.- Ќе се изведуваат градежни работи за поставување атмосферска канализација на Западен булевар, на потегот од Северен булевар до Флот стакло. Прекинот на сообраќајот во двата правци ќе биде во времетраење од пет часа и тоа од 7 до 14:30 часот, вели Бојан Атанасов, раководител на Секторот за водовод и канализација.
Ќе се пропуштаат само возилата на брза помош. Во случаи на неодложни работи, од претпријатието препорачуваат да се користи заобиколниот пат покрај Дреново до Росоман.
Земјоделците и останатите корисници на земјоделски машини можат да ги користат и заобиколните полски патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
