Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според информација од МВР, за македонски државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување на соодветна изјава која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство. При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват
„Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат
-

Врховен суд на Македонија домаќин на XVI годишна конференција на врховни судови од Централна и Источна Европа
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
