Сообраќајната полиција во Дебар продолжува со акциски контроли
Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Дебар и годинава продолжуваат со акциските контроли во сообраќајот со цел, зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.
Од почетокот на годинава до денес тие контролирале повеќе од стотина патнички моторни возила при што се регистрирани 24 прекршувања, за што изречени се соодветни мерки.
– Во овој период евидентирани се што шест возачи кои управувале под дејство на алкохол, по што веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Исто така четири возачи во населено место управувале со поголема брзина од дозволената, додека шест ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, потврдуваат надлежните.
Во овој период шест возачи извршиле престигнување на возила на места, каде со сообраќаен знак е означено забрането престигнување.
– Нашите полициски службеници во акцијата на 19 јануари, при извршени сообраќајни контроли, двајца возачи исклучија од сообраќај поради бесправно управување со моторно возило, 12 возила упатија во станица за технички преглед, при што кај 4 возила биле утврдени технички неисправности. За констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози, посочуваат надлежните.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација, неуправување возило под дејство на алкохол и некористење мобилни телефони во текот на возење со што, придонесуваат за зголемена сообраќајна безбедност.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
