Македонија
7. August 2019 - 10:26

Сообраќајка во Охрид - повредено младо момче

Тешка сообраќајна несреќа во Охрид, повредено едно лице. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 13:30 часот било пријавено дека во Охрид на улицата „7 ми Ноември“ патничко моторно возило “БМВ“ со охридски регистарски ознаки управувано од З.З.(64) од Охрид удрило во А.У.(29) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У., кој бил пренесен во болницата “Св. Еразмо“-Охрид.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.