Македонија
17. September 2017 - 12:22

Сообраќајка во Кичево: Прегазено 15-годишно девојче, се бори за живот

Синоќа околу 22,55 часот во Кичево на ул.„11-ти Септември“се случила сообраќајна незгода во која патничко возило “Митцубиши“ со охридски регистерски таблици управувано од М.Ц. (25) од Кичево удрил во пешак на возраст од 15 години од Кичево. 

Во незгодата со телесни повреди во пределот на главата и телото се здобил пешакот која по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар во Кичево, била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.