Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.
Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.
Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.
Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.
Ново на Сител
-
Фондот и финансии тврдат нема проблем, но нема ниту пари на сметките на граѓаните
-
Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам дека уставни измени нема да има
-
Тема на денот со Сефер Селими од Демокраси Лаб
-
САД и ЕУ во нова дипломатска офаназива за смирување на тензиите на сeверот на Косово
-
Шпанија најавува продолжување на позитивниот став за проширувањето
-
Сузбиена меѓународна група за криумчарење на мигранти
-
Спасовски најави ставање во функција на видео надзорот на патиштата
-
Две условни и една ослободителна пресуда за пожарот во модуларната болница во кој загинаа 14 пациенти во Тетово