СОНК утре ќе го поддржи штрајкот во културата најавен од СКРМ

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) на денешната работна средба со претседателите на синдикалните организации од сите установи од културата донесе одлука за солидарност во штрајкот што за утре го најави Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ).
-Одлуката на СОНК се темели врз основа на оценката на претседателите на сикндикалните организации дека преговорите со Министерството за култура во изминатиов период не вродија со плод, односно не може да се заобиколи фактот дека до денес не е потпишан колективен договор, а уште помалку има сигнали дека се обезбедени материјални средства за негова имплементација од 1 јануари 2020 година, соопшти СОНК.
Додава дека културата е дејност од национален интерес и дека со вложуивање во неа и, особено во човечките ресурси и вработените, се вложува и во опстојувањето на културното наследство на земјава, цврсто се истакнува идентитетот и постоењето на македонската нација.
Предупредувачкиот штрајк кој за утре го најави СКРМ ќе се одвива во установите од културата каде што вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските.
Ново на Сител
-

Берлинскиот аеродром ги суспендира сите полетувања поради снег и замрзнат дожд
-

Зверев е подобар од Ѓоковиќ
-

ИЈЗ: Малигните неоплазми - втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите
-

Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег
-

Аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид се стекна со Ниво 2-Акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ: Фокус на економијата и билатералната соработка
-

Светот се соочува со нова нерегулирана трка во вооружувањето
-

Седница на Советот на јавни обвинители
