-->
-->
Соња преживеала пекол: Ја каснал инсект, па останала без раце и нозе
-->
Соња Кујас, 43-годишна жена од Германија, морала на итна ампутација на ногата и рацете по каснување од инсект додека фрлала ѓубре.
-„Веднаш забележав оток. Болеше и почна да ми се врти, па одеднаш ми стана ладно. Колегите од работа веднаш повикаа брза помош.“ - вели Соња.
Веднаш била однесена во болница, но по прегледот пуштена дома. Мачнините не престанувале, па сопругот морал да ја врати назад во болница.
Каснувањето од инсектот довело до инфекција стрептокока, која се влошила и предизвикала сепса. Не е јасно дали инфекцијата настанала од убодот или од чешањето.
Лекарите ѐ го спасиле животот, но ги изгубила двете нозе и левата рака.
Доколку имате слични симптоми веднаш посетете доктор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен