Македонија
1. January 2024 - 8:48

Сончево со умерена облачност, температурата до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе се намалува. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми, а по котлините ќе биде магливо. Температурата ќе се движи од -3 до 15 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла. Температурата ќе биде од -1 до 8 степени.