Македонија
25. December 2017 - 8:46

Сончево и топло со температура до 16 степени

Во Македонија денеска ќе биде сончево со локална облачност и релативно топло за овој период од годината.

Стабилното и суво време ќе се задржи до среда. Во вторник и во среда наутро ќе има магла по одделни котлини. Веќе од четврток ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад. 

Температурите утре ќе се движат од -4 наутро до 16 степени преку ден. 

Во Скопје слично време со минимална температура од -1 степен и дневна до 13 степени.