-->
-->
Сончево и релативно топло, по одделни котлини магливо и постудено
-->

Времето во Македонија ќе биде сончево и тивко. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла особено во утринските часови, а преку денот видливоста ќе биде променлива. На планините и на повисоките места ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од седум до 16 степени.
Во Скопје сончево и тивко со појава на магла со променлива видливост.
Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до девет степени.
До четврток времето ќе биде стабилно и суво, по одделни котлини со појава на магла со променлива видливост.
В петок и сабота се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кога и маглата ќе се расее.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
