Сончево и многу топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови можно е да има изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.
Во дојранскиот регион сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Температурата ќе достигне до 38 степени.
Во петок времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
За време на викендот и во понеделник времето се очекува да биде нестабилно на повеќе места, со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.
Ново на Сител
-

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието
-

Нема опозициска средба на Изборниот законик
-

Мисајловски на увид на градежните работи во касарната Ќојлија
-

Прилеп доби Центар за услуги, граѓаните ќе може на едно место да ги добијат сите потребни документи
-

Светот го истражува македонскиот неолит
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со министерката за образование и наука, Весна Јаневска
-

САД ке ја предводи истрагата за инцидентот на „Рајанер“ што се случи на македонското небо
