Сончев зимски ден, со магла во одделни котлини

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност.
Температурата ќе се движи од шест до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Температурата ќе достигне до шест степени.
Следува период на стабилно и суво време. Во поголем дел од земјава дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика топење на снежната покривка. Во сабота ќе биде најсончево, а од недела ќе има умерена до значителна облачност. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност, особено од недела, а дневната температура во овие места ќе остане пониска.
Ново на Сител
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
