„Сомнително лице“ премиерно во Ресен
Членовите на драмската секција при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен вечер премиерно ќе ја изведат претставата „Сомнително лице“, по текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Васко Василевски. Сценографијата е на Ане Милошевска.
Режисерот, кој истовремено е и директорот на Домот на културата, информира дека по успешното прикажување на првата нивна претстава „Реонска болница“, паралелно работеле и на „Сомнително лице“.
- Верувам дека успехот кој што го постигнавме пред нашата публика во Ресен со првата претстава, значеше чекор повеќе во подигнувањето на довербата на нашите актери аматери, кои во следните два дена повторно на сцената ќе дадат се од себе, за топлиот аплауз на публиката, изјави Василевски.
Претставата е поддржана од Министерството за култура, а е под покровителство на градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски.
Со изведбата на претставата, членовите кои се ученици од завршните години, ќе го одбележат крајот на учебната година.
По двете изведби на „Сомнително лице“ вечерва и утревечер, членовите на ликовната секција при Домот на културата во Ресен, на 11 јуни ќе бидат дел од настанот „Сквер Арт“. Под водство на проф. Марија Груевска, децата ќе цртаат во слободен стил на плоштадот во Ресен, дел ќе можат да ги изразат уметничките спосбности на штафелај, а дел на гипс плочи или на хамер.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот