Солскјер: Де Хеа знае која е неговата работа
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа е ментално доволно силен за да ги надмине грешките што ги направи при поразот од Челси во полуфиналето на ФА Купот.
Шпанскиот голман беше главниот виновник за водечкиот гол на Оливие Жиру во првото полувреме, а потоа по паузата зггреши при голот на Мејсон Монт. Јунајтед беше поразен со 3:1 во тој дуел, што доведе до повици клубот што поскоро да се ослободи од Де Хеа.
Сепак, Солскјер вели дека Јунајтед, кој во моментов се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, мора да се фокусира на дуелот со Вест Хем во среда вечер.
– Ова нема да стане конференција за Де Хеа, ние ќе се држиме заедно, Давид е ментално доволно силен за да знае дека негова работа е да се покаже на тренинзите и да биде подготвен за натпреварите. Имавме одредени проблеми како клуб, смегубеле големи дуели и порано и сме успеале да ја свртиме ситуацијата и да се покажеме. Мора да го сториме тоа сега. Ние нема да зборуваме за поединци затоа што никој нема да почувствува дополнителен притисок, истакна Солскјер.
Јунајтед моментно го држи петтото место на табелата со 62 бода, исто како и четвртопласираниот Лестер, но „лисиците“ имаат дуел повеќе. Доколку слават против „чеканите“, екипата на Солскјер ќе има три бода повеќе од Лестер пред меѓусебната средба во последното коло во недела. Сепак, норвешкиот стручњак вели дека неговиот тим нема да има толку лесна работа во дуелот со избраниците на Дејвид Мојс, кој порано беше на негово место.
Ново на Сител
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
