Солидарен месечен приход за лица кои вршат општествено-корисна работа
Германскиот министер за труд Хубертус Хајл е подготвен на разговори за воведување солидарен месечен приход, што може да значи евентуално укинување на социјалната помош за невработени во земјата.
Солидарниот месечен приход би бил заработувачка за оние лица кои се занимаваат со таканаречена слободна општествено-корисна работа.
Таа работа досега не била платена. Целта на иницијативата е да се финансира „учество“, а не „изопштување“, да може во време на модернизација и дигитализација да зајакне општествената кохезија. Солидарниот месечен приход, за разлика од безусловната месечна заработка, значи дека на невработените граѓани парите не им се даваат толку лесно, туку тие за возврат треба да работат за државата.
Станува збор за работи кои ги обезбедуваат општините, но не смеат да им бидат конкуренција на занимањата што се нудат на нормалниот пазар на труд. Тоа се работи околу грижа за деца во приватни станови и куќи, грижа за стари и немоќни лица, помагање на бегалци, совбетување за изхрана, организирање културни манифестации и слично.
Ново на Сител
-

150 македонски државјани се вратија од Дубаи
-

Тема на денот со Назим Рашиди, новинар
-

„Нема да не снема“: Осмомартовски марш против насилството врз жените
-

Над 270 инспекции на бензинските пумпи – Привремен недостиг на гориво на дваесетина станици
-

150 македонски државјани се враќаат вечерва од Дубаи
-

Во Техеран заврна токсичен дожд кој предизвикува изгореници откако беа бомбардирани нафтени постројки
-

Кој ги лаже граѓаните на тема мигранти – Власта и опозицијата си разменија обвинувања
-

Кочанско поле повторно во пламен
