Балкан
20. April 2023 - 20:05

Софија: Маж искасан до смрт од сопственото куче

Куче го нападна и го уби својот сопственик во Софија, објави бугарската „Нова.тв“. Трагедијата се случила вчера околу 15 часот.

Жртвата е 48-годишен човек. Попладнево неговите роднини го нашле телото и повикале екипа на Итната медицинска помош. Медицинските лица првично не можеле да дојдат до човекот поради кучето, а потоа само ја констатирале смртта на мажот. Соседите раскажуваат дека тој најчесто го чувал своето куче во дворот и тоа често правело проблеми. Сепак, тие се плашеле од миленикот. Роднините на мажот велат дека мажот можеби се онесвестил, а потоа кучето го нападнало.