Loading Video...
Свет

Соединетите држави ја осудија одлуката на судот во Москва да го затвори опозицискиот политичар Алексеј Навални.

Соединетите држави ја осудија одлуката на судот во Москва да го затвори опозицискиот политичар Алексеј Навални. Државниот секретар Антони Блинкен ги повика руските власти да го ослободат Навални. Иста порака  на адреса на Кремљ стигна и од Германија. Вчера судот Условната казна на Навални од 3 години  и шест месеци  од 2014 година за случајот проневера на пари, ја смени со  затворска. Со времето поминато во домашен притвор политичарот  зад решетки ќе биде 2 години и 8 месеци. И во текот на вчерашниот ден  полицијата апсеше приврзаници на критичарот на Путин кои бараа негово ослободување. Приведени беа 1300 лица.

Американскиот демократски претседател Џо Бајден потпиша извршни укази со коишто ја поништува доселеничката политика на Доналд Трамп. „Не создавам нов закон, ја отстранувам лошата политика. Америка е побезбедна, посилна, понапредна кога има чесен, уреден, похуман доселенички систем“, рече  Бајден. Станува збор за извршни укази кои се занимаваат со регионалната миграција, легалната имиграција и спојувањето на семејствата на илегалните мигранти.

Џеф Безоз  се повлекува од  функцијата извршен директор  на Амазон. Тој по речиси 27 години ќе ја напушти оваа највисока позиција во компанијата која ја основаше, а ќе  го замени  Енди Џеси, досегашен директор на Амазон Веб Сервисот.. Безос во 1994 година од гаража го основал Амазон, платформа која почна како онлајн книжарница, но низ годините стана  сервис кој продава речиси сѐ. Џеф Безос со 196 милијарди долари до неодамна беше најбогатиот човек во светот, но на оваа позиција на почетокот на месецот го престигна Елон Маск, директор на фирмите Тесла и СпејсХ