Сочувство од претседателот Пендаровски по повод смртта на академик Ѓорѓи Филиповски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод смртта на академик Ѓорѓи Филиповски, упати писмо со сочувство до семејството Филиповски и до претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити.
-Како еден од тројцата основачи на МАНУ, академик Филиповски придонесе за создавање на врвната академска институција во која повеќе од пет децении се обмислува научниот, културниот и уметничкиот развој на нашата држава. Низ годините, МАНУ прерасна во вистински генератор за развој на науката и научната дејност во Република Северна Македонија, промотор на македонската уметност и култура, но и мост за поврзување со европската и светска наука и уметност, вели Пендаровски во писмото со сочувство.
Академик Филиповски, додава претседателот, стана препознатлив како јавно ангажиран интелектуалец кој отворено и објективно зборува за предизвиците со кои се соочува не само македонската наука, туку и македонското општество. Со сето она што го направи на научен и општествен план, потенцира Пендаровски, тој не задолжи сите нас, да продолжиме да го вложуваме најдоброто од нас, независно од околностите и годините.
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
