Сочувство од премиерот Димитриев до турскиот премиер Јилдирим

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев по повод терористичките напади на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул упати телеграма со сочувство до премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим.
- Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Турција, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување. Мислите и молитвите на македонските граѓани се со граѓаните на Турција, вели Димитриев.
Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на сите терористички напади и дава безрезервна поддршка на Република Турција во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме.
Истанбул и Република Турција во изминатиов период дадоа многу жртви во борбата против тероризмот. Нападите на Турција не се само напади врз мирот и слободата на турскиот народ, туку претставуваат и атак врз целиот слободољубив свет. Како никогаш досега, потребно ни е заедништво, солидарност и одлучност во борбата против сите оние сили кои преку насилство и терор сакаат да внесат страв и омраза, притоа уништувајќи го просперитетот и сите цивилизациски придобивки кои генерациите зад нас истрајно ги создавале. Во овие тешки мигови, уште еднаш примете ги изразите на моето искрено сочувство, стои во телеграмата на Димитриев до турскиот премиер.
Ново на Сител
-

Португалија планира да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Борозан нов ракометар на ГРК Охрид
-

Состанок ЕУ-Западен Балкан посветен на предизвиците на превозниците
-

Трамп: Наскоро доаѓаат добри вести за завршување на војната во Украина
-

Променливо облачно, температурата до 11 степени
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
