Сочувство од Груевски до италијанскиот премиер Ренци за жртвите од земјотресот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до италијанскиот премиер Матео Ренци за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ја зафати централна Италија.
- Со длабоко жалење ја примив информацијата за големата природна катастрофа во централна Италија која предизвика стотици човечки жртви и непроценлива материјална штета. Би сакал да Ви изразам најдлабоко сочуство Вам, на семејствата на жртвите и на граѓаните на Италија, од мое, но и од името на граѓаните на Република Македонија кои и самите се соочија со големи природни катастрофи со трагичен епилог, вели Груевски во телеграмата.
Во вакви моменти соочени со разорноста на природните катастрофи, додава тој, се потсетуваме на нашата беспомошност пред страшната сила на природата, но и на нескршливоста на човечкиот дух, хуманоста, солидарноста и помагањето.
- Искрено се надевам на скоро нормализирање на состојбата. Република Македонија и македонските граѓани искрено сочувствуваат со сите погодени од големата катастрофа во вашата земја и се подготвени да помогнат на секој начин, се вели во телеграмата од Груевски до италијанскиот премиер Ренци.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград