Сочувство од Џафери за смртта на охридскиот градоначалник Стојаноски
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати телеграма сочувство до семејството на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
– Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да изразам искрено и длабоко сочувство до вас, неговото најблиско семејство, до пријателите, соработниците во општина Охрид, колегите и студентите од Факултетот за туризам и угостителство, до сопартијците и граѓаните на град Охрид. Заминувањето од овој свет на човек со таков интелектуален капацитет, висок професионалец во секоја сфера во која даде свој придонес, човек во полна смисла на зборот, одговорен татко и заштитник на градот, е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Охрид, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него, меѓутоа е и огромна загуба за нашето општество. Почивај во мир почитуван!, наведува Џафери.
По повод смртта на Стојаноски, Советот на општина Охрид денеска ќе одржи вонредна седница, а за утре се закажини комеоративна седница и погребот
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

