Собраниска седница за состојбата со поплавите

Собранието на Република Македонија за денеска напладне ја закажа посебната седница посветена на состојбата во поплавените подрачја од невремето што се случи на 6 август годинава во Скопје и околината.
На дневен ред на седницата е Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје, поднесена од пратеничката група на СДСМ. Одржувањето ваква седница беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Во соопштението од кабинетот на претседателот на Парламентот беше посочено дека се очекува до почетокот на седницата Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за преземените мерки во насока на санирање на последиците.
Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколу скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
