Собранието треба да ја одржи 57. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија, за учество во мировната операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
На оваа седница, меѓудругите, пратениците треба да ги разгледаат ратификациите на Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера, на Протоколот за забрана на употреба на задушувачки, отровни или други гасови и бактериолошки методи на војување, Женева, 17 јуни 1925, и ратификацијата на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.
Пратениците треба да распрваат и за измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање, за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија за 2014 година, измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, исто така во прво читање, Предлог одлуката за објавување јавен конкурс за избор на член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и по Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдова за полициска соработка.
На дневен ред се и Предлог одлуката за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, исто така во второ читање.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
