Собранието треба да го избере новиот состав на ДИК

Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која ќе биде утврдена предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на вчерашната средба во Клубот на пратениците постигнааа договор за целосниот состав на ДИК.
- Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Алсекаднар Чичаковски за независни експерти во ДИК. Го покануваме Парламентот да ги финализира неоходните постапки што е можно побрзо, со цел ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери објавена по средбата.
Претходно, по завршувањето на јавниот оглас партиите предложија членови на ДИК и тоа ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и Сашо Срцев, СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, ДУИ Субхи Јакупи, а ДПА Бедередин Ибраими.
Претседателот и потпретседателот на ДИК ќе се бираат од редот на експертите, според новите измени на Изборниот законик.
По потврдувањето на имињата на деветмината членови на ДИК од Комисијата за прашања на изборите и именувањата, се очекува да биде свикана и пленарна седница на која ќе биде изгласан новиот состав на ДИК.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
