Собранието со швајцарска помош ќе ја подобрува ефикасноста
Поефикасно и инклузивно функционирање на Собранието, целосно институционално јакнење и унапредување на неговата законодавна и надзорна функција, како и приближување до граѓаните, граѓанските организации и маргинализирани групи, има за цел Меморандумот за десетгодишна соработка меѓу Швајцарија и Македонија што го потпишаа денеска претседателот на Собранието,Талат Џафери и заменикот државен секретар за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг.
- Потпишувањето на овој Меморандум е уште една потврда за напорите на раководството на Собранието во насока на зајакнување на неговата улога и капацитети, унапредување на владеење на правото и приближување до стандардите за работа и резултатите на парламентите од земјите членки на ЕУ, изјави по потпишувањето Џафери.
Додаде дека преку Меморандумот ќе биде обезбедена техничка и институционана поддршка за напорите на Собранието да носи поквалитетни закони и подобро да ги користи јавните ресурси за потребите на граѓаните.
Марти Ланг истакна дека овој Меморандум ги поставува темелите на идната соработка која е во насока на поддршка на Собранието во зајакнување на неговите капацитети.
Се надевам дека оваа соработка ќе даде клучен придонес во јакнењето на капацитетите на Собранието на Република Македонија за да се осигури дека тоа ќе ги застапува интересите на своите граѓани, истакна Ланг.
Подготвителната фаза на проектот ќе биде од 1 јули 2018 до 30 април 2019 година и вклучува донација од 350 илјади швајцарски франци, додека во следните 11,5 години вкупната донација за Собранието би била 11 милиони швајцарски франци.
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола