Собранието расправаше за измените на Законот за трансплантација

Собранието денеска расправаше за измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање.
Законот се дополнува со воведување можност за дарување органи помеѓу парови, во делот кој се однесува на дефинирање на лицата кои може да даруваат органи, условите за бирање национален координатор и друго. Во изминатите три години во Македонија се извршени 92 трансплантации на органи. Македонија е на осмо место во регионот по бројот на пресадување бубрези.
Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ смета дека станува збор за многу важно и авангардно законско решение. Се зголемуваат шансите на пациентите за продолжување на нивниот живот или квалитетот на животот. Побара да се работи на проширување на листата на органи кои ќе може да се донираат.
- Трансплантанцијата е прилично развиена во Македонија и има традиција од 40 години. Кај некои заболувања го подобрува квалитетот на животот, а од некои директно зависи животот на пациентот. Ова законско решение уште во поголема мерка ги зголемува правата на пациентите, рече Чибишев.
Пратениците сметаат дека станува збор за унапредување на текстот на законот.
- Република Македонија може да се гордее со хуманоста на своите граѓани и со крводарителството. Тоа што го прават граѓаните е исто така доброволна работа без некоја награда, рече пратеничката Мирсада Емини - Асани од ДУИ, која апелираше да се спроведува обдукација доколку некој почине за да се открие од што тој починал.
Побарана е кампања за информирање на граѓаните во врска со трансплантацијата на органи.
Пратениците во рамки на 57. седница ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за квалитетот на земјоделските производи, на Законот за катастар на недвижности и на Законот за хемикалии.
Донесена е одлука за испраќање уште еден припадник на АРМ во мировна операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Во базата Бутмир на три месеци се испраќа доктор, припадник на АРМ.
За член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации е именувана Гордана Клинчарова, а донесена е и одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, поднесена од пратеникот Зоран Илиоски.
Ратификувани се изменетата Конвенција за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера, Протоколот за забрана на употреба на задушувачки, отровни или други гасови и бактериолошки методи на војување, Женева, 17 јуни 1925, Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдова за полициска соработка.
Седницата ќе продолжи по редовната пауза.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
