Собранието расправа за состојбите во образованието

Собранието на Република Македонија во рамки на денешната 92 седница ја продолжи расправата по Информацијата за општите состојби во образованието и ефектите од екстерното тестирање во основното и средното образование, поднесена од пратениците од опозицијата.
Панче Орцев од СДСМ рече дека власта нема план, стратегија и концепт за високото образование. - Оваа информација со 11 заклучоци мора да биде сериозно сфатена и прифатена од вас, како претставници на власта. Информацијата има една цел-да се запрат негативните процеси во образованието во Република Македонија и да се седне со сите релевантни структури и фактори кои знаат и значат нешто во образованието и да се донесат соодветни и квалитетни решенија кои ќе го подобрат, рече Орцев.
Пратеничката Олга Најденовска од ВМРО-ДПМНЕ во реплика посочи дека Орцев кажува невистини.
- Екстерното тестирање е воведено за да се види фактичката состојба со знаењето на нашите ученици кои го поседуваат и треба да се спроведува четири пати во текот на годината, рече Најденовска.
Томислав Тунтев од СДСМ повтори дека опозицијата е за укинување на екстерното тестирање.
- Овој модел е штетен, и за знаењата, за наставниците и за системот на образование во целина, рече Тунтев.
Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пратениците од СДСМ три дена не разговараат за општите состојби во образованието туку само за екстерното тестирање.
- Основен предуслов, индикатор за квалитет во која било област се услови за работа. Бидејќи услови за работа ниту во основните ниту во средните училишта немаше, приоритет на оваа Влада се и ќе бидат реконструкција и санација на основните, средните училишта и студентските домови. Тоа го правевме во минатото, го правиме сега, а ќе го правиме и во иднина, рече Ласовска.
Екстерното тестирање, како што рече, мери само еден индикатор во целиот воспитно-образовен процес - објективноста на оценката дадена од наставникот.
- Притоа, воопшто не му се забранува, напротив се мотивира наставникот да работи на сите негови креативни, мисловни процеси за на крајот или циклусно да изведе оценка. Таа оценка на крајот се споредува со екстерното тестирање, рече Ласовска.
Расправата ќе продолжи по редовната попладневна пауза.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
