Собранието расправа за Извештајот на ЕК за Македонија
Собранието денеска во рамки на 74. седница ја продолжи расправата за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година.
Пратеникот Мирван Џемаиљи нагласи дека Извештајот за ДУИ претставува исклучително значаен документ кој, како што рече, е објективен, реален, влијае во напредокот на државата и во издигнувањето на демократските вредности.
Тој посочи дека според последните анкети на граѓаните на Македонија, од 70 до 80 отсто го поддржуваат овој процес.
- Оваа поддршка нека биде дополнителен мотив за нас за да ги преземеме сите реформи во однос на овој процес. Затоа што интеграцијата е единствена алтернатива за една добра, смирена и просперитетна иднина за нашата држава, рече Џемаиљи.
Пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ потенцира дека Грција не е единствениот проблем во оваа ситуација и додаде дека нема напредок во владеење на правото, во борбата против корупцијата, во слободата на изразување...
Пратеничката Роза Топузова-Каревска истакна дека треба да се замислиме, загрижиме и да се засрамиме од содржината на Извештајот.
- Не е единствена цел само да се биде дел од ЕУ, но многу поважно во тоа време е нашите граѓани да ги имаат европските стандарди во судството, во спречување и ефикасна борба на корупцијата... Да имаме стандарди во образованието и здравството, рече Топузовска Каревска и додаде дека најголема одговорност за овој Извештај имаат оние кои ја водат држава.
Таа предложи да се престане со фалење на доброто и додаде дека е потребен сериозен и критички осврт на лошите места и политики и да се работи за тоа да се поправи во иднина.
По редовната паузата, Собранието ќе продолжи со работа во 15 часот. На дневен ред на 74. седница се и измените и дополнувањата на законите за постапување со бесправно изградени објекти, за градење, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.
Пратениците ќе дебатираат и по Предлог законот за вработување и работа на странци и по Предлог законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, двата по скратена постапка.
На денешната седница ќе се расправа и по измените и дополнувањата на Законот за учебници за основно и средно образование по скратена постапка, како и по Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование, во прво читање.
На дневен ред се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Предлог законот за пробација, Предлог законот за амнестија поднесен од Павле Трајанов и Лилјана Поповска, Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во прво читање, како и Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот
-
76-годишник почина откако се превртел со трактор
-
Иранска армија: Хеликоптерот на Раиси не бил нападнат, се запалил по падот
-
Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
-
Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
-
Сиљановска Давкова: Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот во Европа и тоа мора да го почитуваме
-
Санкционирани 106 возачи на територијата на Скопје
-
Кацарска на 19. Конгрес на Конференција на европски уставни судови во Молдавија