Собранието на пауза на барање на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ
На самиот почеток на денешното продолжението на шестата седница на Собранието на Република Македонија, пратеникот Димитар Стевананџија побара пауза од еден час.
Стевананаџија образложи дека ја бара паузата во име на, како што наведе, седмата пратеничка група ВМРО-ДПМНЕ, а поради интересот на повеќе пратеници да говорат на пленарната седницата, а кои во мометот биле на собраниската Комисија за образование, наука и спорт на која расправаат за годишниот извештај за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Собранието треба да продолжи да расправа по четрвртата точка предлог одлука за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.
Следна точка на дневниот ред е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
На шестата седница ќе се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба