Собранието ќе одлучува за имунитетот на Груевски
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски, денеска треба да се изјасни за пет барања за одобрување притвор на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија.
Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија. За овој случај беше побарано одземање на мандатот на Груевски, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство.
Поранешниот премиер е обвинет и во случаите на СЈО „Таекторија“, „ТНТ“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“, за кои ќе му се суди во отсуство.
Покрај тоа, Груевски е осомничен и во неколку отворени истраги на СЈО, меѓу кои и „Талир“, „Пропаганда“, „Хармонија“,…
Барањата за одземање на имунитетот на Груевски со цел да му се одреди притвор е за дел од овие случаи.
Ново на Сител
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
-

Преглед на вестите од светот

