Собранието ќе ги одржи 96.и 97.седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи 96.седница и 97.седница.
На дневен ред на 96.седница се измените на законите за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, за стручно образование и обука, за Државниот испитен центар, за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование и за Педагошката служба, сите по скратена постапка.
По завршувањето на седницата пратениците ќе ја одржат и 97.седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за здруженија и фондации, за спортот, за медијација, за организација и работа на органите на државната управа, за матичен број, за гранична контрола, за оружјето, за личното име, за азил и привремена заштита, за детективската дејност, за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, за приватно обезбедување, за државјанството на Република Македонија, за патните исправи на државјаните на Република Македонија, за личната карта и за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори