Собранието го почна 12. продолжение на конститутивната седница

Денешното 12-то продолжение на конститутивната седница на Собранието почна со дискусија на пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека сите веќе 12 дена чекаат да се изговори една реченица, која треба да ја изговори лидерот на СДСМ и треба да гласи „не ја прифаќаме и ја отфрламе тиранската платформа, бидејќи во овој момент не и одговара на Република Македонија“.
- Тоа е реченицата која може да значи крај на политичката криза. Дури 250.000 граѓани секојдневно се на улиците и не се согласуваат со тоа што го прави сега Зоран Заев со Република Македонија. Граѓаните сакаат манифест и не сакаат платформа и продлабочување на кризата, рече Стевананџија.
Тој посочи дека дури ни членовите на СДСМ не го поддржуваат раководството на партијата и она што, како што рече, го прави во моментов.
- Платформата е погубна за Македонија. Затоа луѓето апелирааат да не ја поддржуваме, потенцира Стевананџија.
Во реплика Владимр Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека владата во најава на СДСМ веќе е делегитимирана кај народот, дури и во дел од сопствените редови на партијата.
Неговиот сопартиец Антонио Милошоски, реплицирајќи додаде дека пред велигеднските празници не треба да се долева масло на огнот и оти пратениците деновиве треба да бидат внимателни што зборуваат.
Ново на Сител
-

Комисијата за финансирање и буџет го разгледува задолжувањето од 260 милиони евра, избрана најповолната понуда
-

„Спејс-Икс“ оди на берза: Чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
-

Унгарската владејачка партија предлага ограничување на премиерскиот мандат на осум години
