Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година

Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.
Едногласно со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.
Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.
Со предложената одлука, посочи, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација, 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП.
– Целта на предложената одлука е намалување на обврските на буџетските корисници и подобро управување со јавните финансии, рече Јанкулоски.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
