Македонија
16. July 2022 - 13:50

Собранието ги усвои предлог заклучоците од СДСМ и ДУИ за францускиот предлог

Со 68 гласа „за“  Собранието денеска ги изгласа предлог заклучоците за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски од СДСМ и Арбр Адеми од ДУИ.

Никој не гласаше против заклучоците, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и на Левица, кои бараа отфрлање на предлогот,  ја напуштија салата пред да почне гласањето.

По усвојувањето на предлог-заклучоците, се слушна аплауз, а пратениците од владејачкото мнозинство ги развиорија знамињата на Македонија и на ЕУ .